Премиерот на Хрватска

Пленковиќ по силниот земјотрес: Владата своите плати за март ќе му ги донира на Загреб

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кажа дека владата на таа земја своите плати за месец март ќе ги донира за обнова на Загреб.

Загреб во неделата го погоди силен земјотрес.

„Ова е прилика за сите нас да покажеме единство, солидарност и одговорност. Ние денес одржавме телефонска седница на владата на која отворивме сметки: едната за Загреб и другата за борба против коронавирусот на кои може да донираат сите што сакаат. Владата своите плати за март ќе ги донира за Загреб разурнат во земјотресот“, кажа Пленковиќ.

Хрватскиот премиер ја коментираше и ситуацијата со вирусот. Тој кажа дека пандемијата ќе има несогледливи последици за светската економија.

„Верувавме дека најголемите кризи се зад нас. Денес сме пред криза, која според сите процени, ќе биде потешка од кризата во 2008 година. Владата поради тоа излезе со првата фаза мерки од 63 точки. Но, оваа криза ја дочекуваме во постабилна состојба. Одлуките мора да ги носиме брзо и промислено. Сега е поважно од кога било да ја задржиме стопанската активност. Оваа криза веројатно ќе потрае подолго од неколку месеци и ќе се одрази на целата наша работа. Ќе ги приспособуваме одлуките согласно со развојот на ситуацијата“, кажа Пленковиќ.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе