Конгрес на Европската народна партија во Загреб

Пленковиќ: Новите правила што ги предлага Макрон за проширувањето - непотребни

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека новите правила за проширувањето на ЕУ што ги предлага Франција се непотребни, бидејќи филтрите за земјите кандидати веќе се содржани во постојниот механизам.

На состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, Пленковиќ пред новинарите изјави дека верува оти целта на француската иницијатива е да се подобри функционирањето на ЕУ, но додаде дека предлогот на Макрон не може да го запре проширувањето на Унијата.

„Проширувањето има јасна правна основа, членот 49 од Договорот за ЕУ, во кој се вели дека секоја европска земја, ако побара, може да стане членка. Ја нема таа политика, го нема тој 'нон пејпер', го нема тој заклучок што може да го одземе тоа право што го имаат европските држави според Договорот за ЕУ“, рече Пленковиќ. 

Според него, преговарачката рамка што се користи за Црна Гора и Србија веќе овозможува суспендирање на секое поглавје и враќање на привремено затворените поглавја каде што е вклучен концептот за реверзибилност на процесите, кој го предлага францускиот претседател Емануел Макрон.

„Веќе постојната рамка има голем број механизми за контрола, со многу прецизни филтри, кои го контролираат и најситниот чекор во кое било поглавје или околу некое политичко прашање“, додаде тој, истакнувајќи дека „треба да се направи јасна разлика помеѓу почнувањето на преговорите и процесот на преговори што следува“.

Пленковиќ, кој е и водач на владејачката Хрватска демократска партија (ХДЗ), рече дека одлуката на ЕУ да не ги почне преговорите со Македонија и Албанија била грешка и дека „ова е ставот и на владата и на ХДЗ, но и на пет-шест шефа на држави и влади и на целата ЕПП“, најголемата групација во Европскиот парламент.

Тој го нарече „бизарно“ тоа што либералните и социјалдемократските европски влади го блокираа почнувањето на пристапните преговори за две земји предводени од социјалисти, додека целата ЕПП била за.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе