Хрватскиот премиер

Пленковиќ: Нема дилема, „големосрпска агресија“ на Хрватска се случи

Нема никакви дилеми дека „големосрпска агресија“ во Хрватска се случи, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој така ги искоментира медиумските тврдења според кои српскиот претседател Александар Вучиќ од својата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ побарал да не го користи постојано изразот „големосрпска агресија“.

Пленковиќ кажа дека „големосрпска агресија врз Хрватска се случи на почетокот на деведесеттите“ и дека „беше спроведена со поддршка од ЈНА и бунтовниците и со диригирано водство од Белград“.

„Тука нема никакви дилеми. Тој факт е многу цврст и многу јасен, сигурен сум за секој хрватски функционер, а особено за политиката на владата“, наведе Пленковиќ.

Хрватскиот неделник Национал објави наводна преписка меѓу хрватската претседателка и нејзиниот поранешен советник Мате Радељиќ, а во неа има мејл во кој пишува дека Вучиќ замолил повеќе да не се користи изразот „големосрпска агресија“.

Вучиќ ги потврди наводите на хрватските медиуми дека од хрватската претседателка побарал да не го користи постојано изразот „големосрпска агресија“, но истакна и дека од неа барал и подобри услови за живот на Србите во Хрватска.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе