Ја поздрави пресудата

Пленковиќ изрази незадоволство: Младиќ не е обвинет и осуден за бројните злосторства за време на агресијата на Хрватска

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изрази денес жалење што во постапката против Ратко Младиќ во Хашкиот суд не е утврдено учеството на највисоките функционери на Србија во таканаречениот сеопфатен здружен злосторнички потфат.

EPA-EFE

„Владата ја поздрави оваа (осудувачка) пресуда, бидејќи Ратко Младиќ конечно е правосилно осуден за некои од најтешките и најсурови злосторства извршени на тлото на Босна и Херцеговина. Меѓу другото, како учесник на неколку здружени злосторнички потфати“, кажа хрватскиот премиер.

Тој притоа изрази незадоволство што Младиќ не е осуден и за „бројните злосторства извршени при агресијата на Република Хрватска“.

Пленковиќ изрази надеж дека пресудата ќе донесе „барем делумен мир и сатисфакција на жртвите на злосторствата на Ратко Младиќ“.

Воениот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ во вторникот во Хашкиот суд беше правосилно осуден на казна доживотен затвор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе