„Малцинствата се интегрален дел на хрватското општество“

Пленковиќ: 25 години по Олуја се испраќа нова порака во односот на Хрватите и српското малцинство, Србија и Хрватска

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ оцени денес дека е клучно тоа што 25 години по Олуја се испраќа нова порака во односот на Хрватите и српското малцинство, Србија и Хрватска, како и за тоа каква Хрватска се гради.

EPA-EFE

„Што се однесува до доаѓањето на потпреседателот на владата Борис Милошевиќ, можам да кажам дека оваа моја иницијатива беше логична, природна, нормална. Клучно е тоа што 25 години по Олуја испраќаме важен сигнал во кој политички претставник на Србите во Хрватска, воедно и потпретседател на владата, доаѓа на Олуја и испраќа порака до хрватското општество“, кажа Пленковиќ по положувањето венец на гробиштата Мирогој пред хрватскиот Ден на победата.

Малцинствата се интегрален дел на хрватското општество и нивните претставници се хрватска правна и политичка придобивка во последните 30 години, истакна Пленковиќ, додавајќи дека само на тој начин може цврсто да се вкоренат хрватските вредности и она на што Хрватска се темели и што се и европски вредности.

На прашањето дали владата за возврат ќе им промени во политиката за подобра интеграција на Србите поврзано со доаѓањето на Милошевиќ во Книн, тој кажа дека сите претставници на малцинствата, па и на српското биле во парламентарното мнозинство и во претходниот мандат и дека сега нивното учество е поголемо.

„На трагот на таа меѓусебна доверба која ја имаме ќе работиме, како и во минатиот мандат, на рамноправноста на сите граѓани и да им овозможиме на достоинствен начин живот во согласност со стандардите на 21 век. Конкретно тоа значи и струја и вода во оние краишта кои се можеби зафрлени“, истакна Пленковиќ.

Што се однесува на најавеното заминување на министерот за бранителите Тома Медвед во Груборе и српските села без струја и вода, Пленковиќ кажа дека таа негова посета не е трговија.

„Тоа е важен цивилизациски гест на владата дека ги почитуваме сите жртви. Свесни сме за злосторствата кои се случиле по Олуја и сметаме дека е добро и примерно да им одадеме соодветна почит и на жртвите кои беа на српската страна“, кажа тој.

Праша колку односите ги отежнува реакцијата на српската страна и српскиот претседател, порача дека ова што го прави владата е внатрешно прашање на Хрватска.

„Станува збор за односите во владата, нашиот партнер во коалицијата од српското малцинство во Хрватска, политичкиот претставник во Хрватска. Нашите одлуки ги носиме за нас, за Хрватска, а тие испраќаат порака дека 25 години по крајот на војната ги решивме сите свои стратегиски задачи, дека Хрватска е демократска земја и има свои институции, правен поредок и интегрирана е во ЕУ и НАТО“, истакна Пленковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе