Племенските лидери во Намибија ги одбија репарациите која Германија им ги нуди за геноцидот

Лидерите на етничките групи Хереро и Нама го одбија договорот кој го предложи Германија откако призна дека злосторствата на германските колонијалисти пред повеќе од 100 години во денешна Намибија се геноцид.

EPA-EFE

Советот на племенските лидери бара да се одложи планираното потпишување договор меѓу двете држави.

Владата во Берлин на Намибија ѝ понуди 1,1 милијарда евра во рок од 30 години, а советот кој го признава намибиската влада во соопштение го нарече неприфатлив и навреда за нивното постоење.

„Навредливиот износ“ е отфрлен, но советот го поздрави тоа што германската влада го призна геноцидот, презема одговорност за злосторствата и најави дека ќе побара прошка.

Племенските лидери бараат нови преговори за репарациите. Друга организација која ги обединува припадниците на Хереро германскиот предлог веќе го нарече измама и пропаганда.

Германија и владата на Намибија постигнаа договор минатата недела, по речиси шест недели преговори. Етничките групи се жалат дека не учествувале во преговорите и дека затоа не можат на време да се консултираат со своите припадници.

Германската влада повтори дека не постои правна обврска за репарации, туку дека оштетата од 1,1 милијарда евра се смета за политичка и морална должност.

Германските војници меѓу 1904 и 1908 убиле околу 65.000 припадници на етничката група Хереро и 10 илјади на Нама, а историчарите и Обединетите нации тоа го нарекуваат првиот геноцид во 20 век.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе