Пјонгјанг: Абе е идиот и најглупавиот човек во историјата на човештвото

Севернокорејските власти соопштија дека Шинзо Абе е „најглупавиот човек во историјата“ на човештвото и дека наскоро би можел „пред носот“ да добие вистинска балистичка ракета.

Премиерот на Јапонија остро го осуди тестот на балистички ракети што Северна Кореја го спроведе во четвртокот, наведувајќи дека со тоа се прекршуваат резолуциите на ООН.

„Можеме да кажеме дека Абе е идиот и најглупавиот човек во историјата на човештвото затоа што не знае да разликува ракета од справа за лансирање ракета...“, рекол неименуван функционер од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесе КЦНА.

„Абе наскоро може пред носот да види што е вистинска балистичка ракета... Абе е совршен имбецил“, додал официјалниот претставник, наведувајќи дека Северна Кореја не треба да се занимава со Абе, кој е „политичко џуџе“.

Ова е вторпат во еден месец Северна Кореја да го критикува јапонскиот премиер, кого еднаш веќе го нарече „идиот“ и „ништожник“.

Северна Кореја во четвртокот истрела две ракети, кои завршија во Јапонско Море.

Земјата е позната по личните и навредливи напади врз светските лидери. Така, Доналд Трамп е „американски ментален пациент“, претходните американски претседатели Барак Обама и Џорџ Буш Jуниор беа „мајмун“ и „недовршен човек“. Поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Геун Хје беше „вештерка“ и „руска проститутка“, додека Обама ѝ беше „макро“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе