Пилотот што Русија го обвини дека го урнал МХ17 најден мртов

Украинскиот пилот Владислав Волошин, кого Русија го обвини дека го соборил малезискиот авион МХ17 над Украина, е пронајден мртов во неговиот стан.

На 17 јули 2014 боинг 777 на летот МХ17 полета од Амстердам кон Малезија, кон Куала Лумпур. Авионот ненадејно се урна, а загинаа сите патници и членови на екипажот, вкупно 298 луѓе.

Во тоа време, украинската влада и проруските бунтовници беа во голем оружен конфликт, па виновниците за соборувањето се „бараа на другата страна“.

По 15 месеци истрага, холандската служба за безбедност објави дека авионот бил погоден со ракета земја-воздух од марката БУК.

Веднаш се претпостави дека ја испукале руските војници или проруските бунтовници, по грешка мислејќи дека тоа е украински борбен авион. Но Русите веднаш дадоа повеќе објаснувања.

Едно од нив беше дека малезискиот авион бил урнат од украинскиот пилот Владислав Волошин, кој, пак, тврдеше дека е жртва на руската пропаганда. Волошин беше капетан-пилот на „сухој 25“ на украинската воена авијација и имаше 29 години кога беше соборен малезискиот боинг 777.

Според локалните медиуми, Волошин бил пронајден мртов во неговиот стан во украинскиот град Николаев, со прострелна рана. Покрената е истрага за можно убиство, но не е исклучена можноста пилотот да се самоубил.

Пријателите на пилотот рекле дека во последно време бил во депресија, како и дека истрелот го слушнала сопругата на Волошин, која веднаш дотрчала и повикала брза помош. Меѓутоа, кога пристигнале, тие можеле само да го прогласат за мртов.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе