Пилотка во последен момент спречила судир на авиони над Мумбаи, спасила 261 патник

Над Мумбаи во Индија била избегната тешка авионска несреќа на два авиони благодарение на брзата и храбра реакција на пилотка која со врвен маневар ги спасила животите на патниците.

Анупама Кохли, пилотка на авиокомпанијата Ер Индија, управувала со авион ербас А319 на лет од Мумбаи кон Бхопал превезувајќи 109 патници кога приметила дека друг авион опасно ѝ се приближува. Авионот ербас А320 на компанијата Вистара полетал од Делхи кон Пуне со 152 патници и во еден момент се спуштил на само 30 метри над траекторијата на авионот на Ер Индија.

Недостигале секунди до судир, но во авионот на Ер Индија се огласил системот за предупредување од судир, по што Кохли брзо реагирала и го кренала авионот на безбедно. Благодарение на нејзината реакција спасени се животите на 261 патник, пренесуваат агенциите.

Подоцна било утврдено дека дошло до грешка во комуникацијата меѓу пилотот на Вистара и контролата на летови на тлото. Локалната контрола на летови му дала инструкции на пилотот на Вистара да се спушти на само 30 метри над траекторијата на авионот на Ер Индија, а во критичните моменти пилотот отишол во тоалет.

Воздушниот инцидент се случил на 7 февруари.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе