Петстотини воени и безбедносни функционери со отворено писмо го поддржаа Бајден

Речиси петстотини воени функцинери и експерти за национална безбедност, вклучувајќи и неколку кои работеле за американскиот претседател Доналд Трамп, со отврено писмо му дадоа поддршка на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

EPA-EFE

Во писмото објавено денес пишува дека актуелниот претседател покажал дека не е „дораснат на огромните одговорности на својата функција“.

Функционерите пишуваат и дека Бајден ги има „искуството и мудроста потребни за водење на Америка низ болниот период“.

„Ние сме поранешни јавни службеници кои ги посветија своите кариери, а во многу случаи и ги ризикуваа своите животи, за Соединетите Американски Држави. Ние сме генерали, адмирали, амбасадори и шефови на цивилни агенции за национална безбедност“, се наведува во писмото.

„Ние сме републиканци, демократи и независни. Ја сакаме својата земја. За жал, и стравуваме за неа“.

Меѓу потписниците на писмото е еден од поранешните Трампови воени советници, пензионираниот генерал Пол Селва, кој работеше за актуелниот претседател до јули 2019 година.

Писмото е објавено еден месец по контроверзниот напис на американскиот магазин Атлантик во кој се тврди дека Трамп Американците кои загинале во војните ги нарекол лузери.

Вчера како причина за својата поддршка за Бајден тој напис го наведе и Синди Мекејн, вдовицата на поранешниот републикански сенатор и кандидат за претседател Џон Мекејн.

Демократскиот кандидат Бајден пред изборите на 3 ноември го поддржа низа републиканци, како Колин Пауел, поранешниот државен секретар во мандатот на Џорџ В. Буш и поранешниот гувернер на сојузната држава Охајо Џон Касич и поранешниот Трампов директор за комуникации Ентони Скарамучи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе