Петмина во болница по првата трка со бикови во Памплона (ВИДЕО)

Половина тон тешките бикови повредија пет лица на овогодинешната прва трка со бикови на фестивалот Сан Фермин во Памплона.

Фото: ЕПА

Никој не беше прободен, но неколку ентузијасти паднаа или беа соборени на калдрмата на средновековниот северен град во првата од осумте утрински трки со бикови.

Едно лице е пренесено во болница поради повреда на ногата, друго се здобило со повреда на главата поради пад, а тинејџер ја повредил раката, соопшти портпаролот на Црвениот крст.

Шесте бикови се пробиле низ толпата тркачи традиционално облечени во бела облека и црвени марами околу вратот. Биковите патеката долга 850 метри, која се протега од шталата до градската арена за борба со бикови, ја истрчаа за две минути и 35 секунди. Тие ќе бидат убиени за време на борбите подоцна во четврток.

„Биковите се држеа заедно, и така пролетаа низ патеката, така што трката заврши доста брзо“, рече Гордон Мекдоналд, 46-годишен ИТ работник од Глазгов кој учествуваше на трката. „Одамна не трчавме тука, па сите беа малку нервозни, заборавивме како тоа точно треба да изгледа“, изјави тој за АФП.

Луѓе од целиот свет се собираат во градот со околу 200.000 жители за да ја тестираат својата храброст и да уживаат во разновидната понуда на фестивалски забави, религиски поворки и концерти. Во 2020 и 2021 година, властите го откажаа овој надалеку познат настан поради пандемијата на коронавирус, што беше првпат фестивалот да биде откажан по Шпанската граѓанска војна од 1936-1939 година.

Од 1910 година, шеснаесет луѓе загинале во трки со бикови. Последен пат тоа се случи во 2009 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе