Петмина избодени во напад на прослава на Ханука во Њујорк

Пет лица беа нападнати со ладно оружје во саботата во домот на рабин во американската сојузна држава Њујорк, по што напаѓачот избегал, соопшти еврејската организација за нападот, по засилените тензии за антисемитски напади. Потоа полицијата објави дека напаѓачот е уапсен.

Советот за јавни работи на ортодоксните Евреи (ОЈПАЦ) објави на Твитер дека напаѓачот, кој имал марама, ги избодел луѓето во еден дом во местото Монси, на околу 50 километри северно од градот Њујорк.

Сите пет жртви биле пренесени во локалните болници, а две се во критична состојба. Еден од нив добил најмалку шест убоди.

Напаѓачот потоа избегал со возило.

„Осомничениот избегал од местото на настанот, но сега е во притвор“, соопшти полицијата.

Според полициски извори, напаѓачот користел мачета, а бил фатен од полицијата во Харлем.

Околу една третина од жителите на округот Рокленд се Евреи, вклучително и голема заедница на ортодоксни Евреи, кои живеат повлечено.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе