Петмина адвокати го напуштија Трамп

Неколкумина адвокати на поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјавија дека нема да го бранат неколку дена пред неговото судење, објавија Си-ен-ен и други американски медиуми.

Фото: ЕПА

Петмина адвокати, меѓу кои се наводно и двајца водачи на правниот тим на њујоршкиот милијардер, ја прекинаа соработката со него по несогласувањата за тоа како треба да се постапи, објави телевизиската мрежа повикувајќи се на анонимни извори.

Трамп сакал неговите адвокати да продолжат да ја бранат тезата за масовна измама на претседателските избори што му овозможи победа на демократот Џо Бајден, наместо да се фокусираат на законитоста на судскиот прогон на претседателот кој повеќе не е на функција, додаде Си-ен-ен, истакнувајќи дека поранешниот претседател не сака да дискутира за тоа.

Меѓу адвокатите кои поднесоа оставка се Буч Бауерс и Дебора Барбиер, кои требало да бидат водачи на правниот тим на Доналд Трамп, според телевизиската мрежа и други медиуми.

„Работевме многу, но сè уште не донесовме конечна одлука за нашиот правен тим, ќе го сториме тоа наскоро“, напиша на Твитер Џејсон Милер, советникот на Трамп, реагирајќи на информациите во медиумите.

Судењето на Доналд Трамп за „поттикнување бунт“ откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол на 6 јануари треба да започне на 9 февруари.

Но, со само пет републикански сенатори подготвени да им се придружат на 50-те демократски сенатори кои сметаат дека на поранешниот претседател треба да му се суди, двотретинско мнозинство или 67 сенатори потребни за продолжување на процесот, веројатно нема да се постигнат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе