На страницата на британскиот парламент

Петицијата за откажување од брегзит собра шест милиони потписи

Минатонеделната петиција што ја повикува британската влада да го откаже брегзитот и да остане во ЕУ со отповикување на членот 50 до денеска има добиено речиси шест милиони потписи.

Онлајн-петицијата беше поставена на парламентарната страница кратко време откако Тереза Меј ѝ се обрати на британската јавност во телевизиско појавување и за хаотичниот брегзит ги обвини пратениците.

До следниот ден петицијата доби неверојатни милион потписи и продолжи да расте.

До утрово илјадници луѓе сè уште се потпишуваа за да го покажат своето несогласување со премиерката и својата сопствена желба да останат дел од ЕУ.

Во моментов вкупниот број на потписите изнесува 5.886.845 и се очекува денеска или утре да надмине шест милиони.

Според функционерите во Долниот дом, петицијата има највисок број потписи во историјата.

Петицијата беше масовно споделувана на британските фејсбук-групи низ цела ЕУ, а ја потпишаа илјадници луѓе од Франција, Германија и Шпанија.

Во петицијата насловена „Да го отповикаме членот 50 и да останеме во ЕУ“ се вели: „Владата постојано тврди дека излегувањето од ЕУ е 'волја на народот'. Мора да го побиеме ова тврдење со докажување на силата на јавната поддршка сега, за останување во ЕУ. Гласање на народот можеби нема да има - така што гласајте сега.“

Иако конзервативната влада соопшти дека нема да го откаже брегзитот ниту ќе го отповика членот 50, со цел да го почитува резултатот од референдумот во 2016 година, парламентот в понеделник ќе одржи дебата за ова прашање.

„Отповикувањето на членот 50, а со тоа и останувањето во Европската Унија, ќе ја поткопаат и нашата демократија и довербата што милиони гласачи ја имаа во владата“, се вели во официјалниот одговор на петицијата.

Петицијата ја покрена Маргарет Георгиаду, која вели дека како резултат на тоа почнала да добива смртни закани.

Злобниците тврдат дека таа е полна со лажни потписи, но официјалните лица соопштија дека лажните потписи се отстранети и дека сите потписи се проверуваат преку имејл.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 12 април, освен ако парламентот го прифати договорот на Меј или ако владата смисли план Б за да го убеди Брисел да прифати подолго одложување.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе