ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ МОРА ДА РАСПРАВА ЗА НЕА

Петиција за втор ЕУ-референдум, на првиот не биле исполнети правилата

48-те отсто гласачи што сакаат да останат во Европската Унија се толку престрашени од резултатот што се појави парламентарна петиција за втор референдум.

„Ние долупотпишаните ја повикуваме Владата да го спроведе правилото дека ако гласовите за останување или за заминување се помалку од 60%, врз основа на излезеност од помалку од 75%, треба да има уште еден референдум“, се вели во петицијата поднесена утрово.

Во петицијата се бара од владата да организира втор ЕУ-референдум затоа што разликата на првиот е помала од 20 отсто, односно изнесува само 4 отсто. Исто така, победничкиот глас, за напуштање на ЕУ, бил помал од 60 отсто (51,9%) и бил заснован на излезеност помала од 75 отсто (72,2).

Петицијата веќе има околу 170.000 потписи, а нивниот број се зголемува на по 1 илјада потписи во минута. Толку е популарна што владиниот веб-сајт на кој се потпишува утрово неколку пати паднал, вели британски Индипендент.

За сите петиции на сајтот што ќе добијат повеќе од 100.000 потписи по закон мора да се дебатира во парламентот, како што беше случајот со легализацијата на канабисот.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе