Франција

Пет жени планирале напад со автомобил-бомба крај Нотр Дам, одбрале погрешно гориво

Судскиот процес против пет жени за обид за напад со автомобил во близина на катедралата Нотр Дам започнува денес во Париз, јави Гардијан.

Вечерта на 3.09.2016 година, Инес Мадани и Орнела Гилигман паркирале сив Пежо 607 без регистарски таблички на улица во центарот на Париз, сместена пред ресторани во близина на катедралата Нотр Дам. Во автомобилот имало шест боци плин. Едната од нив го полеала возилото со гориво, и потоа фрлила запалена цигара.

Но, тие избрале дизел гориво, што не е толку запаливо за разлика од стандардниот бензин, па автомобилот и покрај неколкуте нивни обиди не се запалил. Да успеал да се запали, ќе предизвикал силна експлозија и пожар.

„Не успеаја само затоа што избраа погрешно гориво, во спротивно ќе било масакр“, рекоа истражните судии.

Мадани, која во тоа време имала 19 години, за нападот го искористила автомобилот на својот татко. Неговите адвокати ја опишаа како „девојка во потрага по признание и љубов“.

Нејзе и претходно ѝ било судено за терористички активности. Тогаш се дознало дека таа била во контакт со клучни лица на Исламската држава во Сирија и дека служела како ментор за регрутирање девојчиња во францускиот оддел на таа терористичка организација.

На социјалните мрежи, таа користела машки псевдоними на борци од ИСИС, се претставувала како маж за успешно да убеди други жени да ѝ се придружат на Исламската држава. Кога со нив разговарала преку телефон, користела уред за менување на гласот и во романтичен стил ги убедувала да пристапат на ИСИС.

Кога автомобилот-бомба пред Нотр Дам не успеал да се запали, жените избегале. Гилигман, невработена мајка на три деца, уапсена е на југот на Франција. Мадани, по совет на ментор од Исламската држава, отишла во Буси-сен Антоан, гратче југоисточно од Париз, каде им се придружила на другите жени со кои го планирала овој напад.

Наскоро сфатиле дека ги надгледува полицијата и од станот побегнале наоружени со кујнски ножеви. Една од нив на огледалото оставила порака напишана со кармин: „Мама те сака“.

За време на бегството со нож нападнале полицаец, а Мадани во ногата била застрелана од полицаец.

Според судските документи, неуспешниот напад врз Нотр Дам, како и други напади во Франција, од Сирија се организирани од страна на Рашид Касим, борец на Исламската држава, на кого му се суди во отсуство.

Судскиот процес ќе трае до 11 октомври.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе