Пет земји склопија пакт, по итна постапка ќе одобруваат модифицирани вакцини

Модифицираните вакцини што треба да обезбедат заштита од новите варијанти на коронавирусот ќе бидат одобрени по итна постапка, објавија денес регулаторните тела на петте земји кои се здружија во конзорциумот АЦЦЕСС.

Фото: ЕПА

Конзорциумот ја вклучува британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) и таквите регулаторни тела во Австралија, Канада, Сингапур и Швајцарија.

Со договорот меѓу петте земји ќе се избегнат долги клинички испитувања за одобрени вакцини кои во иднина ќе се прилагодат на новите варијанти на вирусот, сè додека производителот може да обезбеди „цврсти докази“ за ефикасноста и безбедноста, се вели во документот.

„Наш приоритет е да ѝ понудиме на јавноста ефективни вакцини во најкус можен рок, под услов да останат безбедни“, рече Кристијан Шнајдер, раководител на истражувања во МХРА.

Тој посочи дека јавноста не треба да се грижи бидејќи ниту една вакцина нема да биде одобрена доколку не е доволно безбедна за употреба, ефективна и квалитетна.

Здравствените експерти се загрижени дека новите варијанти на вирусот, вклучително и бразилскиот, се поотпорни на постојните вакцини, загрозувајќи ги плановите на многу земји за постепено укинување на строгите рестриктивни мерки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе