Пет тинејџери силувале девојка во Германија, меѓу нив и 12-годишници

Петмина тинејџери се обвинети дека во градот Малхајм силувале 18-годишна девојка, по што во Германија беше отворена дебата за поместување на возраста за кривична одговорност, пренесува Гардијан.

Полицијата во петокот вечерта ги притвори тројцата четиринаесетгодишници и двајца дванаесетгодишници поради сомнеж дека извршиле „сериозно сексуално злосторство“.

18-годишната девојка по силувањето морала да биде хоспитализирана бидејќи била жртва на, како што опиша портпаролот на полицијата, „екстремно насилство“.

Обвинителот на регионот Рур соопшти дека едниот 14-годишник го притвориле превентивно, поради тежината на обвинувањата и два претходни извештаи за сексуално вознемирување.

Сите осомничени момчиња се суспендирани од училиште.

Вчера германските медиуми јавија дека полицијата истражува нов случај на сексуално малтретирање извршен од страна на малолетни лица, кој се случил во истиот град.

Во понеделникот вечерта петнаесетгодишно девојче наводно ја опкружиле пет момчиња на возраст од 11 до 17 години, по што ја вознемирувале и непримерно ја допирале.

Според германските закони лицата помлади од 14 години не се сметаат за кривично одговорни. Наместо на нив, кривичната одговорност се префрла на нивните законски старатели или на социјалните центри за социјална грижа за младите.

Но последната низа настани во Малхајм предизвика негодување на заедницата и предложени се барања за спуштање на кривичната одговорност на 12 години.

„Би било добро центрите за социјална грижа повеќе да не бидат препуштени сами на себе и судовите за млади да ја споделат со нив грижата за 12 и 13-годишниците“, изјави Раниер Вент, претседател на синдикатот на германската полиција.

Според статистичките податоци на германската полиција, во последните три години опаднал бројот на лицата помлади од 14 години кои се осомничени за некое кривично дело, но се зголемил бројот на тинејџери помлади од 14 години, од 1.420 на 2.118, кои се поврзани со кривични дела од сексуална природа.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе