Англија

Пет лица прободени со нож пред трговски центар во Манчестер, напаѓачот уапсен (ФОТО+ВИДЕО)

Пет лица се прободени со нож пред трговскиот центар Арндејл во Манчестер, Англија, пренесе Би-би-си.

Осомничениот во негови 40-ти години вооружен со нож, трчал наоколу и случајно прободувал луѓе, изјави сведок за Би-би-си.

Полицијата соопшти дека никој не е смртно ранет и е уапсен осомничениот за нападот.

Полицијата при приведувањето на осомничениот употребила електрошокер.

Трговскиот центар е евакуиран, а јавниот превоз во тој дел од градот е суспендиран.

Претходно беше објавено дека четири лица се прободени со нож, а потоа пристигна веста дека се петмина повредени.

Портпаролот на полицијата во Манчестер потврди дека пет лица се повредени и хоспитализирани.

„Го бараме мотивот за овој грозен напад“, додаде тој.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе