Песков за можноста Путин да добие ковид: „Тој е Путин, кој него ќе го зарази“

„Рускиот претседател Владимир Путин е опкружен со потребниот број специјалисти, кои обезбедуваат тој да не е во опасност од епидемија“, вели портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во филмот „Опасен вирус. Втора година“ на Наили Аскер-заде на ТВ Русија 1.

Фото: ЕПА

Запрашан дали постои некаков план за во случај некој да го зарази Путин, Песков се пошегува: „Па слушајте, тој е Путин, кој него ќе го зарази“, пренесува РИА Новости.

Пред два дена, во интервју за РТВИ, портпаролот на Кремљ одговараше на интересни прашања за тоа дали Путин е запознаен со теоријата за негови двојници и како реагира на тоа, за можноста за помилување на активистот Алексеј Навални, за тоа дали Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден се пријатели.

Претседателот на Русија „секако“ е запознаен со теоријата дека Путин има двојници, рече Песков, додавајќи дека на тоа реагира со насмевка.

За можноста Навални да биде помилуван, тој рече дека постои одредена процедура, вклучително и признавање вина.

„Слушајте, не знам. Тоа е прерогатив на осудените и издржувањето казна, комисијата - прво во затворот, па во регионот, па штабот, а потоа и шефот на државата. Постои одреден редослед предвиден со законот: осудениот ја признава вината, зборува за признавање на вината, каква вина и продолжува да се следи тој синџир“, рече Песков.

Запрашан дали Путин и Бајден се пријатели, Песков рече дека не се, немале многу можности да комуницираат, но кога имале, нивниот разговор бил полн со почит.

Според него, тие се среќавале кога Путин бил премиер на различни меѓународни настани, но немало многу можности за комуникација.

Додава дека „за жал, во овој случај има сериозно разидување во концептуалниот пристап кон многу важни прашања: Путин зборуваше за нашите ‘црвени линии’, за нашите национални интереси, Бајден зборуваше и за својата неспремност да ги признае нашите ‘црвени линии’“.

„Сè на сè, можеме да кажеме дека е пријатно да се разговара со Путин и Бајден, во смисла дека тие ги искажуваат своите ставови, разговараат за проблемот и даваат јасен одговор: да или не“, рече Песков.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе