Запрашан дали постои некаков план за во случај некој да го зарази Путин, Песков се пошегува: „Па слушајте, тој е Путин, кој него ќе го зарази“, пренесува РИА Новости.
Пред два дена, во интервју за РТВИ, портпаролот на Кремљ одговараше на интересни прашања за тоа дали Путин е запознаен со теоријата за негови двојници и како реагира на тоа, за можноста за помилување на активистот Алексеј Навални, за тоа дали Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден се пријатели.
Претседателот на Русија „секако“ е запознаен со теоријата дека Путин има двојници, рече Песков, додавајќи дека на тоа реагира со насмевка.
За можноста Навални да биде помилуван, тој рече дека постои одредена процедура, вклучително и признавање вина.
„Слушајте, не знам. Тоа е прерогатив на осудените и издржувањето казна, комисијата - прво во затворот, па во регионот, па штабот, а потоа и шефот на државата. Постои одреден редослед предвиден со законот: осудениот ја признава вината, зборува за признавање на вината, каква вина и продолжува да се следи тој синџир“, рече Песков.
Запрашан дали Путин и Бајден се пријатели, Песков рече дека не се, немале многу можности да комуницираат, но кога имале, нивниот разговор бил полн со почит.
Според него, тие се среќавале кога Путин бил премиер на различни меѓународни настани, но немало многу можности за комуникација.
Додава дека „за жал, во овој случај има сериозно разидување во концептуалниот пристап кон многу важни прашања: Путин зборуваше за нашите ‘црвени линии’, за нашите национални интереси, Бајден зборуваше и за својата неспремност да ги признае нашите ‘црвени линии’“.
„Сè на сè, можеме да кажеме дека е пријатно да се разговара со Путин и Бајден, во смисла дека тие ги искажуваат своите ставови, разговараат за проблемот и даваат јасен одговор: да или не“, рече Песков.