Песков: Во моментов не е можно дипломатско решение за Украина

Во моментов нема изгледи за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Кремљ вчера порача дека „во овој момент“ не е можно да се постигне политичко или дипломатско решение за војната во Украина, предизвикана на 24 февруари со наредбата за инвазија на рускиот претседател Владимир Путин и обележана последниве недели со серија контраофанзиви од страна на украинската армија.

„Во сегашните околности оружениот конфликт во Украина не може да се реши со преговори“, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Интерфакс.

„Во моментов оваа можност не е видлива“, рече Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските војници „имаат само две опции: да побегнат од нашата земја или да се предадат“.
 
Москва го обвинуваше Киев за прекинот на мировните преговори. Кон крајот на март, двете страни разговараа за нацрт-мировниот договор, со кој Украина би станала неутрална држава во замена за безбедносни гаранции дадени од големите светски сили. Сепак, украинската влада ги прекина разговорите во април, откако ги обвини руските војници за воени злосторства, тврдење за кое Москва рече дека се заснова на фалсификувани докази.
 
Украинскиот претседател Владимир Зеленски оттогаш изјави дека неговата земја ќе биде задоволна само со поразување на Русија на бојното поле и истиснување на нејзините сили од целата територија на која Киев полага право.
 
Тоа го вклучува Крим, поранешниот украински регион што се отцепи во 2014 година по оружениот пуч во Киев и ѝ се приклучи на Русија. Москва смета дека Крим е под нејзин суверенитет и вели дека неговиот статус не е предмет на дискусија.
 
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела ја коментираше позицијата на Киев, наведувајќи: „Зеленски јавно кажа дека не е подготвен да разговара со Русија. Па, ако не е, нам ни одговара“.

Војната избувна неколку дена откако самиот Путин ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, лоцирани во Донбас и место на оружени конфликти од 2014 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе