„Специјалната воена операција продолжува, не зависи од климатските или временските услови. Нејзините цели мора да се постигнат“, кажа Песков, а пренесува државната руска агенција ТАСС.
Одговарајќи на прашањето за милионите граѓани на Украина кои на 15 ноември останаа без електрична и топлинска енергија поради борбените дејства во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков кажа дека тоа е последица на воената инфраструктура. „Тоа се случи поради одбивањето на Киев да води преговори со Русија“, кажа Песков.
Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков вчера кажа дека руските оружени сили на 15 ноември извршиле масовен напад со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море на украинскиот воен, команден и контролен систем и поврзаните енергетски објекти. Кажа дека целите на нападот се постигнати.