Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија внимателно ги следи обидите на Финска и Шведска да ѝ се приклучат на воената алијанса НАТО предводена од САД.
Тој рече дека е убеден дека нивното пристапување на ниту еден начин нема да ја зајакне европската безбедносна архитектура, пренесува Ројтерс.
Претходно во понеделникот, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков порача дека Западот не треба да мисли дека Москва едноставно ќе го толерира проширувањето на НАТО, наведувајќи „грешка што ќе поттикне воени тензии“.