Песков: „Нема врска меѓу притворените Руси и изборите во Белорусија“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли како шпекулации заклучоците за наводните врски меѓу приведените Руси во Минск и белоруските претседателски избори.

EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV

„Експертите не знаат ништо за оваа ситуација. Ако немаме целосни информации, веројатно, експертите воопшто не знаат ништо и затоа сето ова е шпекулација и треба да се земе со резерва“, рече Песков, коментирајќи го мислењето на експертите дека белорускиот претседател Алекдсандар Лукашенко намерно ја обвини Москва за да добие поддршка од гласачите, објави ТАС.

Кремљ истакна дека има инсинуации дека одредени организации во Русија испраќаат некого да ја дестабилизира ситуацијата во Белорусија.

„Секако, ова не е ништо друго освен инсинуации“, рече Песков, потенцирајќи дека Русија и Белорусија се сојузници и блиски партнери.

„Но, секако мора да се разјасни овој инцидент со приведување на Руси“, рече тој.

Според Песков, Русија се надева дека ќе добие информации што ќе ѝ помогнат да го реши ова прашање.

Засега не се закажани контакти меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко, а Кремљ се надева дека ситуацијата ќе биде разјаснета преку агенциите за спроведување на законот, рече Песков.

„Сега нема такви планови. Како што разбирате, Минск и Москва имаат многу канали на комуникација, постојат различни канали на комуникација, вклучително и преку агенциите за спроведување на законот. Се надеваме дека овие канали ќе бидат доволни за да се разјасни ситуацијата“, истакна Песков.

Кремљ очекува дека ќе се почитуваат сите права на руските граѓани кои биле приведени во Белорусија, изјави Песков.

„Денес нашиот амбасадор имаше средба во Министерството за надворешни работи и со колегите во Минск“, рече Песков.

„Се надеваме дека ќе добиеме сеопфатни информации за тоа што се случило како резултат на таа комуникација и преку каналите за комуникација помеѓу нашите специјални служби“, додаде тој.

Белорусија се сомнева дека група од повеќе од 30 осомничени руски платеници, кои биле уапсени во земјата, планирале да извршат терористички дела во земјата, изјави денес државниот секретар на белорускиот Совет за безбедност Андреј Равков.

Обраќајќи се пред новинарите, тој рече дека до 200 платеници сè уште се наоѓаат во Белорусија и дека безбедносните сили трагаат по нив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе