Песков: Не знам дали ќе се одржи парада во Мариупол на 9 мај, но ќе дојде време да се слави Денот на победата

Кремљ во петокот соопшти дека не знае дали на 9 мај во Мариупол ќе се одржи парада во спомен на победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна, но дека ќе дојде време да се прослави Денот на победата, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Руските сили соопштија дека го освоиле Мариупол и покрај постојаниот отпор на украинските сили во фабриката за челик Азовстал во регионот Донбас.

„Ќе дојде време да се одбележи Денот на победата во Мариупол“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот во петокот, на прашањето за плановите за 9 мај на територијата неодамна окупирана од силите поддржани од Русија.

Песков денеска рече и дека од Полска доаѓа непријателска реторика и дека Варшава би можела да биде „извор на закана“, пренесува Ројтерс.

Полска ги предводеше повиците до ЕУ да ги заостри санкциите, а западната алијанса НАТО да ја вооружи Украина додека се обидува да ги одврати руските сили што се излеаја на нејзиниот исток.

Полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, во понеделникот рече дека „Полска е горда што е на Путиновата листа на непријателски земји“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе