„Русија ги вложува сите можни напори да помогне во решавање на конфликтот“

Песков ја исклучи можноста за војна со Украина: Никој не сака да тргне по тој пат

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја исклучи денес можноста од војна со Украина, која неколку дена е загрижена поради зголемувањето на бројот на руски трупи на нејзината граница.

EPA-EFE

„Нормално, никој не сака да тргне по патот на војната и никој не прифаќа можност за таква војна. Никој не прифаќа ни можност за граѓанска војна во Украина“, кажа Песков за руската телевизија Русија 1.

Руските власти сметаат дека судирите на истокот на Украина меѓу безбедносните сили на Киев и проруските бунтовници е граѓанска војна, додека Киев и Западот тврдат дека е очигледна поддршката на Русија на бунтовниците во Донбас.

Москва тоа повеќе пати го негира.

Во последните денови расте загриженоста поради јакнењето на руските сили на границата со Украина.

Кремљ не ја негира таа информација, но уверува дека трупањето воени сили не претставува закана, додека Киев тоа го смета за провокација насочена кон влошување на ситуацијата во источна Украина.

„Русија ги вложува сите можни напори да помогне во решавањето на тој конфликт“, кажа Песков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе