Песков: Делумната мобилизација е одговор на помошта што НАТО ѝ ја испраќа на Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека делумната воена мобилизација во Русија е најавена како одговор на помошта што НАТО ѝ ја испраќа на Украина.

Фото: ЕПА

„Специјалната операција, како што зборуваше и претседателот, е започната со цел да се исполнат целите во Украина. Сега де факто ни се спротивставува целиот НАТО блок со сите свои логистички можности. Ова доведе до потреба да се објави мобилизација“, изјави Песков за новинарите на брифингот во Москва.

Портпаролот рече и дека статусот на специјалната воена операција не е променет од објавувањето на мобилизацијата. Тој додаде дека не се донесени одлуки за спроведување на посебни мерки во стопанството како резултат на делумната мобилизација.

Тој посочи дека во Русија постои закон за мобилизација, кој ги пропишува условите, редоследот и постапката.

„Владата наскоро ќе ги објави категориите на луѓе кои треба да се пријават за воена служба и оние кои се изземени“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација во земјата, со која ќе бидат опфатени околу 300.000 лица на возраст од 18 до 50 години.

Песков за Спутник изјави дека има лажни информации за наводна мобилизација на до милион луѓе.

Песков го демантираше пишувањето на некои медиуми дека во седмиот член од Указот на претседателот на Русија Владимир Путин за делумна мобилизација, наводно има информации дека ќе се повикаат до милион луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе