Напиша книга со кардиналот Роберт Сара

Пензионираниот папа Бенедикт: Целибатот е традиција, има големо значење

Пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти го бранеше целибатот на свештениците во Римокатоличката црква во време кога неговиот наследник папата Франциско размислува да ја ублажи забраната за оженетите мажи да служат како свештеници, пренесе Би-би-си.

Папата Бенедикт го упати овој апел во книгата „Од длабочината на нашето срце - свештенство, целибат и кризата на Римокатоличката црква“, напишана заедно со гвинејскиот кардинал Роберт Сара.

Францускиот весник Фигаро доцна синоќа објави извадоци од книгата што ќе биде објавена денес.

Тоа е како одговор на предлогот да им се овозможи на оженетите мажи да бидат ракоположени за свештеници во регионот Амазон за да се надомести недостатокот на свештеници во регионот.

Папата Бенедикт, кој се повлече во 2013 година вети дека ќе „остане скриен од светот“ и вети послушност на новиот папа, но сега вели дека не може да молчи на оваа тема.

Тој главно го одржуваше ветувањето, иако минатата година напиша есеј за скандалот за сексуална злоупотреба.

Во книгата, папата Бенедикт наведува дека целибатот, традиција долга повеќе векови во црквата, има големо значење затоа што им дозволува на свештениците да се фокусираат на своите должности, пренесува Би-би-си.

Деведесет и двегодишниот папа Бенедикт верува дека „не изгледа можно да се остварат и двете вокации во исто време (свештенство и брак)“.

За пензионираниот папа Бенедикт, кој беше првиот папа кој поднесе оставка во речиси 600 години, карактеристично е дека ретко зборува за црковните прашања.

Неговото мислење по прашањето за целибатот е во срцето на политиката што папата Франциско треба да ја разгледа во наредните недели и може да претставува јавен обид на поранешниот папа да влијае на размислувањето на сегашниот.

Папата Франциско рече дека ќе напише документ врз основа на резултатите од синодот бискупи во Амазон во октомври 2019 година.

Повеќето бискупи на таа средба побараа ракоположување на оженети мажи како решение за недостигот на свештеници во Амазон, каде што може да поминат неколку месеци пред да се одржи миса.

Папата Франциско изрази разбирање за ситуацијата во Амазон.

Од Ватикан сè уште нема коментар за книгата на Бенедикт.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе