Пензионер во Германија заврши на суд поради чување тенк дома

Правниците во Германија расправаат како да постапат со 84-годишниот пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противавионски топ и торпедо од Втората светска војна.

EPA-EFE

Тенкот „пантер“ беше отстранет од подрумот на куќа на северот на Германија во градот Хајкендоф во 2015 година.

Обвинителите и адвокатите на одбраната сега преговараат за можните казни, вклучувајќи условна казна и парична казна до 500.000 евра.

Според адвокатот на обвинетиот, американски музеј е заинтересиран за купување на тенкот.

Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното оклопно возило кое Германија го користела за време на Втората светска војна.

Адвокатот кажал и дека извесен број германски колекционери го контактирале обвинетиот за другите предмети, вклучувајќи пушки и пиштоли.

На судското рочиште вчера во градот Кил, околу 100 километри северно од Хамбург, адвокатите се обидувале да утврдат дали воената колекција го прекршила германскиот закон за контрола на военото оружје.

Одбраната тврди дека поголемиот дел од оружјето не е функционално и дека „пантерот“ е купен како старо железо и размислува дали да прифати помала казна од 50.000 евра.

Во јули 2015 година дваесетина војници девет часа го извлекуваат тенкот од имотот и го ставија на транспортен камион.

Локалните власти за содржината на подрумот им јавиле на колегите во Берлин, кои претходно го пребарувале домот за уметнички дела кои ги украле нацистите.

Следното рочиште е закажано за среда, а пресудата се очекува следниот месец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе