Пентагон вознемирен од тоа што Кина тестира ракети во Јужното Кинеско Море

Пентагон порача дека неодамнешното кинеско тестирање ракети во спорното Јужно Кинеско Море е „вознемирувачко“ и спротивно на кинеските ветувања дека нема да го милитаризира важниот морски премин.

Јужното Кинеско Море е еден во низата сѐ поголем број спорови во односите на Вашингтон и Пекинг кои ги вклучуваат трговската војна, американските санкции и Тајван.

САД ја обвинуваат Кина дека се обидува да го милитаризира морето со изградба воени објекти и вештачки острови.

Еден американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен, открил дека Кина за време на викендот тестирала неколку противбродски балистички ракети.

„Нормално дека Пентагон е свесен за кинеските лансирања на ракети од вештачките структури во Јужното Кинеско Море, во близина на островите Спратли“, кажа подоцна портпаролот на Пентагон Дејв Истбрн за островите кои се наоѓаат во близина на Филипините.

„Нема да зборувам во име на сите суверени држави во регионот, но сигурен сум дека се сложуваат дека однесувањето на Кина е спротивно на нејзиното тврдење дека сака да донесе мир во регионот“, а целта на ваквото дејствување е застрашување на другите кои полагаат право на Јужното Кинеско Море, додаде Истбрн.

Кина не го потврди тестирањето на ракетите, а кинескоот министерство за надворешни работи во вторникот одби да го коментира тоа, пренасочувајќи ги прашањата кон минитерството за одбрана, кое исто така не даде одговор.

Кинеската влада порача дека од викендот до денес ќе спроведува воени вежби меѓу островите Спратли и Парсел, предупредувајќи ги бродовите да не влегуваат во таа област.

Кина го присвојува речиси целото Јужно Кинеско Море низ кое годишно минуваат околу 5 милијарди долари во стока, но право на него сметаат дека имаат и Брунеи, Малезија, Филипини, Виетнам и Тајван.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе