Пентагон тврди дека САД не им ветувале на Курдите помош во формирање држава

Соединетите Американски Држави никогаш не им ветувале на сириските Курди дека ќе им помогнат во формирањето автономна курдска држава во Сирија, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Тој истакна дека САД ги почитуваат своите обврски од договорот кој Вашингтон го постигна со Курдите за соработка и борба против Исламска држава (ИСИС).

„Меѓутоа, никаде и никогаш не сме им кажале на Курдите дека ќе им помогнеме да формираат автономна курдска држава во Сирија ниту дека во нивно име ќе се бориме против нашиот долгогодишен сојузник Турција“, порача Еспер.

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) соопштија на 6 ноември дека ја продолжуваат соработката со меѓународната воена коалиција која во Сирија ја предводат САД, чии трупи во таа земја се наоѓаат без согласност на сириската влада и Советот за безбедност на ОН.

Вашингтон во октомври реши да ги повлече своите трупи од североисточна Сирија, откако Турција почна офанзива против курдските милиции во тој регион. Набрзо потоа, Вашингтон договори примирје со Анкара.

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри изјави на крајот на ноември дека американската војска ќе продолжи да ги поддржува СДФ во заштитата на нафтените ресурси во земјата од џихадистите на Исламска држава.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе