Пентагон молчи за испораката на С-400 на Турција, американскиот Конгрес бара итни санкции

Кога Турција ги објави сликите од руските системи за воздушна одбрана С-400, американските пратеници побараа итни санкции против Анкара, додека Пентагон и Стејт департментот се сеуште тивки, пренесе РТ.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи, Елиот Еинџел и високиот член Мајкл Мекаул реагираа на испораката на ракетите, изјавувајќи дека Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган „мора да се соочат со тешки последици“.

„Претседателот Ердоган доби многу јасен избор. За жал тој јасно направи погрешен избор. Сојузник на НАТО да избере да застане на страната на Русија и Владимир Путин додека е во сојуз и има тесна соработка со САД е тешко да се разбере“, се вели во изјавата од петокот.

Тие од администрацијата на Трамп побараа „да го прекине“ учеството на Турција во програмата за борбените авиони Ф-35 и да ги „санкционира турските поединци кои соработуват со рускиот одбранбен сектор, како што се бара со законот“.

Според Законот за борба против непријателите на Америка преку санкции (ЦААТСА), усвоен во 2017 година поради приговорите на претседателот Доналд Трамп САД треба да ги казнат земјите што купуваат системи оружје од Русија.

Меѓутоа, изгледа нивните молби не се слушаат во Пентагон и во Стејт департментот. Одделот за одбрана само потврди дека предметот за С-400 бил спомнат во 30-минутниот разговор меѓу в.д. секретарот Марк Еспер и неговиот турски колега, но не понудил никакви дополнителни детали.

Пентагон некое време нема брифинзи пред камера, а печатот се возбуди за најавениот брифинг закажан за в петок, очекувајќи дека ќе го реши проблемот. На нивно големо разочарување брифингот е „одложен на неодредено време“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе