„Отстранувањето заврши“

Пентагон: Шефот на ИСИС Ал-Багдади фрлен во море, како Бин Ладен, но доказите се тајна

САД се отарасија од телото на Абу Бакр ал-Багдади само неколку часа откако брзиот ДНК-тест го потврди идентитетот на терористот, соопштија официјалните лица на Пентагон, додавајќи дека сите докази за рацијата и неговото погребување во море остануваат тајна.

По операцијата на американските специјални сили во северозападна Сирија, во која Вашингтон вели дека е елиминиран Ал-Багдади, осакатеното тело веднаш било однесено „во безбеден објект за да се потврди неговиот идентитет со форензичко ДНК-тестирање“, изјави генералот на армијата Мајк Мили, шеф на Здружениот генералштаб на САД.

„Отстранувањето на неговите останки е завршено и се постапуваше соодветно.“

Исто како и водачот на Ал каеда, Осама бин Ладен, шефот на терористичката група Исламска држава бил фрлен во море во согласност со исламската традиција, при што му биле извршени сите муслимански ритуали. Иако рацијата и последователните процеси на идентификација и депонирање на телото биле документирани на голем број фотографии и видеа, тие допрва треба да поминат низ „процес на декласификација“, според американскиот генерал.

„Во моментов не сме подготвени да ги објавиме“, рече тој.

И покрај тоа што Доналд Трамп рече дека размислува да објави „одредени делови“ од видеото од рацијата, останува нејасно колкав дел од снимките би бил објавен.

Администрацијата на Обама никогаш јавно не објави никакви видеоснимки од рацијата во 2011 година, во која загина Осама бин Ладен, ниту фотографии од неговото тело, тврдејќи дека може да претставуваат „ризик за националната безбедност“.

Објавата на Вашингтон дека Ал-Багдади конечно е убиен, овој пат вистински, звучеше „уверливо“, но допрва треба да биде поткрепена со цврсти докази, порача претходно тимот на ООН за следење терористички групи. Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија негираше делови од приказната, истакнувајќи дека и покрај тврдењата на Трамп, таа никогаш не го отворила сирискиот воздушен простор што е под нејзина контрола за американските авиони и дека не регистрирала воздушни напади на американската коалиција во таа област.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе