Пентагон: Се сопира движењето на сите американски трупи во странство

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер издаде наредба за сопирање на движењето на сите американски војници во странство во период од 60 дена.

Еспер за Ројтерс изјави дека целта е да се ограничи ширењето на коронавирусот низ редовите на војската.

Тој истакна дека наредбата се однесува на сите американски сили, цивилниот персонал и нивните семејства, но истакна дека ќе има исклучоци. Како пример го наведе повлекувањето на американските војници од Авганистан кое, како што кажа, ќе продолжи.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе