По иранскиот ракетен напад

Пентагон: САД бараат од Ирак да им дозволи да постават ракетен систем „патриот“

Соединетите Американски Држави се обидуваат да добијат дозвола од ирачките власти да префрлат одбранбен систем „патриот“ во нивната земја.

Тие се обидуваат да го кренат нивото на одбрана на американските трупи по иранскиот ракетен напад од 8 јануари, во кој беа ранети 50 американски војници, изјави денес американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

САД немаат противвоздушен ракетн систем „патриот“ во воздухопловната база Ал асад во Ирак, која беше погодена од најмалку 11 ирански ракети, пренесува Ројтерс.

Се очекуваше Техеран да се одмазди на САД за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, но се веруваше дека е поверојатно да ги нападнат американските позиции во некоја друга земја каде што Иран има влијателни сојузници, а не во Ирак.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе