„Тие се соочуваат со поголем отпор отколку што очекуваа“, изјави претставник на Пентагон на брифингот со новинарите.
„Руските сили не напредуваат толку брзо колку што мислеа дека ќе напредуваат“, додаде тој.
Добар показател за тоа е фактот што тие сѐ уште немаат освоено ниту еден голем град, рече тој.
Изворот, сепак, забележува дека Русите сè уште не ангажирале голем број војници во инвазијата, кои „ги распоредиле долж украинската граница“.
Владата на САД верува дека Русија има повеќе од 150.000 војници околу Украина.