Вашингтон

Пентагон призна дека имало повредени војници во иранскиот напад на базата Ал Асад

Единаесет американски војници биле повредени за време на иранскиот ракетен напад врз базата Ал Асад во Ирак, иако Пентагон првично тврдеше дека нема повредени.

„Иако ниту еден припадник на американските сили не загина во нападот на 8 јануари, неколкумина се лекуваат од потрес на мозок од експлозијата и нивната состојба сè уште се проценува“, соопшти воената коалиција предводена од САД, која во Ирак и Сирија се бори против Исламската држава, пренесе Си-ен-ен.

Во соопштението се додава дека поради претпазливост тие биле пренесени од базата во Ирак во Регионалниот медицински центар Ландштул во Германија за понатамошни анализи и се очекува да се вратат на должност кога ќе бидат прогласени за способни.

Претставник на американската војска за Си-ен-ен изјави дека 11 војници биле повредени во нападот извршен од Иран во знак на одмазда за убиството на генералот Касем Сулејмани.

Во моментот на нападот, повеќето од 1.500 американски војници во базата биле скриени во бункери, по претходно предупредување од претпоставените.

Нападот предизвика значителна материјална штета, но без жртви, според претходните извештаи на американската војска.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, изутрината по нападот изјави дека „ниту еден Американец не бил повреден во синоќешниот напад“, пренесе АФП.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе