Пентагон префрла тенкови на Балканот?

САД може да го префрлат Вториот оклопен полк на копнената војска од Германија во некоја друга европска држава што се наоѓа поблиску до Русија.

EPA-EFE

Ова се зборови на шефот на Пентагон Марк Еспер, кој кажа дека преговори за тоа се водени со Полска, Романија и Бугарија, како и со балтичките држави.

„По потпишувањето на договорот со Полска за соработка во областа на одбраната, моите неодамнешни средби со министрите од Романија и Бугарија, како и добиените писма од балтичките држави, се отвори можност за префрлање на Вториот оклопен полк во некоја од тие држави, на постојана основа“, кажа Еспер на семинар на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Според него, овие мерки му се потребни на НАТО за „зауздување на Русија“.

Министерот за одбрана на САД ги соопшти и американските планови за зголемување на бројот на ракети со среден и краток дострел во Европа и Азија. Според него, тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на таквите ракети во Русија и Кина, како и дека е последица на кршењето на Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да повлече околу 9.500 војници од базите во Германија, вклучувајќи и ескадрила ловци Ф-16, што го критикуваа дури и сопартијците на Трамп сметајќи дека тоа е „подарок за Русија“ и закана за американската национална безбедност.

Американците, во моментов, во Германија имаат повеќе војници отколку во која било друга држава во светот освен во Јапонија – околу 35.000. Германската база Рамштајн е логистичка точка за американските војници во другите бази, вклучувајќи го Бондстил на Косово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе