Одбивањето на Пентагон значи дека луѓето на Бајден немаат пристап до шефовите и информациите на Националната безбедносна агенција (НСА) и Воено разузнавачката агенција (ДИА) и други воени шпионски сервиси кои имаат податоци за глобалните разузнавачки прашања.
Интересно е тоа што Пентагон ја одбил соработката со тимот на Бајден иако тој тим неделава се сретнува со цивилните разузнавачки агенции.
Трамп денес во Џорџија им помага на републиканците да освојат две сенаторски места, клучни за контролата врз Сенатот.
Двете сенаторски места останаа испразнети бидејќи на изборите на 3 ноември во Џорџија на се знаеја победниците поради малата разлика во гласовите, па мора да се одржат нови избори на 5 јануари 2021 година.