Одлука на американските власти

Пентагон одби трансфер на борбени авиони во Украина

Американските власти дефинитивно ја одбија понудата на Полска за испорака на авиони МиГ-29 на Украина, соопшти Пентагон.

EPA-EFE

Полските власти соопштија дека се спремни итно и бесплатно да ги префрлат своите советски „мигови“ во американската база Рамштајн во Германија и да ѝ ги дадат на располагање на американската влада.

Украина се надева дека како помош во борбата со Русија би можела да добие борбени авиони од советско производство, вкупно 70, кои ги имаат некои источноевропски членки на НАТО, односно од Полска, Бугарија, Романија и Словачка.

Кремљ предупреди дека тоа би можело да создаде „потенцијално опасно сценарио“.

„Разузнавачките служби веруваат дека префрлањето (на авионите МиГ-29) во Украина би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и би довело до голема руска реакција со што би се зголемиле изгледите за воена ескалација со НАТО“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Кирби.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе