Пентагон објави извештаи: Средбите со НЛО и сомнежите на руско-кинеска шпионажа (ВИДЕО)

Пентагон објави три чувствителни извештаи за средбите на летала на американското воено воздухопловство со наводни неидентификувани летачки објекти (НЛО).

Извештаите откриваат детали за инцидентите кои го привлекоа вниманието на јавноста минатиот месец, кога американското министерство за одбрана ја тргна ознаката за тајност на видео-снимките кои ги документираат средбите на воените пилоти со наводните НЛО.

„Тие летала се мали, отприлика со големина на куфер, со сребрена или бела боја“, се наведува во едниот извештај за инцидент кој се случил во март 2014 година.

На видео-снимката е прикажано неидентификувано летало снимено со инфрацрвена камера, кое се движи со голема брзина, со снимка на гласот на пилотот на воениот авион Ф/А-18 кој е вџашен од брзината на движење на леталото.

Во коментарот тој оценува дека би можел да биде и дрон, додека во друг извештај со коментари се наведува дека летачкиот објект бил „со бела боја, со мали димензии и без ознаки“, па повторно се заклучува дека најверојатно станува збор за дрон.

Пентагон оценува дека е можно да станува збор за дронови кои ги управуваат „непријателски сили“ како Русија и Кина со цел собирање на разузнавачки податоци за американските воени операции.

Претседателот на САД Доналд Трамп бил изненаден од снимките кога ги видел и прашал дали се автентични.

Пентагон на крајот на април објави три видео-снимки на кои се гледа како американски воени пилоти се сретнуваат со, наводно, неидентификувани летачки објекти.

Снимките, кои претходно беа воена тајна, покажуваат мистериозни летала без крила кои летаат со хиперсонични брзини без видлив погон, а направени се меѓу 2004 и 2015 година.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе