„Украинците имаат свои разузнавачки капацитети“

Пентагон негира дека на Украина ѝ дал информации за потопување на крстосувачот „Москва“

Пентагон ги негираше тврдењата дека на Украина ѝ овозможиле информации да го потопи крстосувачот „Москва“, главниот брод на руската флота во Црно Море, соопшти портпаролот Џон Кирби.

EPA-EFE

Тој синоќа кажа дека САД не биле вклучени во одлуката на Украинците да го нападнат бродот ниту во операцијата која ја спровеле, ниту дека имале претходни информации за намерата на украинските сили да го гаѓаат бродот.

Кирби истакна дека „Украинците имаат сопствени разузнавачки капацитети за следење и гаѓање на руските бродови, како во овој случај“.

Украина соопшти дека кон средината на април го погодила рускиот крстосувач „Москва“ со две противбродски ракети „Нептун“. Бродот потона при влечењето во пристаниште на поправка.

Русија на 14 април призна дека „Москва“ потонал, тврдејќи дека причина за катастрофата е експлозија на муниција. Кремљ тогаш соопшти дека сите 500 члена на екипажот се спасени по експлозијата на 13 април.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе