Пентагон: На Украина ѝ се доставени дополнителни борбени авиони (ВИДЕО)

Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, потврди дека на Украина ѝ се доставени дополнителни борбени авиони и делови за поправање на оштетените летала.

EPA-EFE

„Добија дополнителни авиони и делови за авиони за да им помогнат да употребуваат што повеќе летала“, кажа Кирби.

Додаде дека авионите не ги обезбедиле Соединетите Американски Држави, што значи дека ги обезбедиле сојузните на Вашингтон, а сосема е сигурно дека станува збор за некоја од европските земји.

На денешната средба на американскиот претседател Џо Бајден со лидери на сојузничките земји договорено е САД и Канада да ѝ испратат на Украина повеќе артилериско оружје, а и Белгија и Холандија планираат да му испратат на Киев повеќе тешко вооружување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе