Пентагон купува 100.000 вреќи за мртви тела, нема ковчези (ВИДЕО)

Пентагон купува 100.000 вреќи во кои ќе се ставаат телата на Американците што ја изгубиле битката со коронавирусот.

Вреќите за тела војската ги користи за посмртните останки на војниците настрадани во борба, пренесуваат американските медиуми.

Тие ќе стигнат преку Сојузната агенција за управување со кризни ситуации која во Њујорк проценувајќи го обемот на проблемот веќе обезбеди повеќе десетици камиони ладилници за одложување на телата на починатите, кои од ден на ден ги има сѐ повеќе.

Низ САД се заразени над 249.559 луѓе и има 6.047 смртни случаи. Од тој број само во Њујорк се позитивни 51.809. Досега во тој град умреа 1.562 лица.

Ситуацијата е алармантна на сите полиња, болниците се пренатрупани, мртовечниците исто така, а недостигот од респиратори ќе стане сериозен проблем за неколку дена.

Недостигаат медицински работници иако секојдневно со авиони доаѓаат од сите краеви на САД, а нема ни доволно заштитна опрема. Поради сето тоа тоа медиумите цитираат неименуван доктор кој кажа дека кога одат на работа се чувствуваат како „овци пред колење“.

Во градот во кој се хоспитализирани над 10.000 луѓе, единствената празна болница, со само 20 примени пациенти, е таа на воениот брод Комфорт вкотвен на Менхетн, на кој има 1.000 кревети и 12 операциски сали.

Лекарите велат дека сместувањето пациенти, оние кои не се позитивни на коронавирусот а потребна им е медицинска помош, дополнително го отежнува фактот што болните не е едноставно да се довезат со брза помош на бродот вкотвен кај Статута на слободата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе