Пентагон: ИСИС ќе прогласи победа кога Трамп ќе ја повлече војската од Сирија

„ИСИС ќе ги победи САД, и, најверојатно, ќе ја поврати територијата што ја освоиле, а сето тоа ќе се случи, поради одлуката на Трамп да ја повлече војската од Сирија“, објавено е во новиот извештај на Пентагон, пренесе Си-ен-ен.

„ИСИС може ќе спроведе опортунистички напади врз персоналот на САД кој ќе се повлекува, и тие настани ќе ги претстави како победнички во медиумите“, стои во извештајот кој се повикува на информации што Пентагон ги добил од Централната команда на војската на САД.

Централната команда ги надгледува сите американски операции околу Сирија.

Ова е прв таков извештај објавен откако Трамп најави дека планира да ја повлече војската од Сирија. Истиот извештај тврди и дека ИСИС останал активна бунтовничка група во Ирак, но и во Сирија.

„ИСИС побрзо ги обновува клучните функции и капацитети во Ирак отколку во Сирија, но без континуиран притисок од контратероризмот, ИСИС би можел да се наметне во Сирија во шест до дванаесет месеци и да заземе одредена територија.

Американски официјален претставник уште минатата недела за Си-ен-ен изјавил дека некои воени и разузнавачки претставници се загрижени дека до повторно јавување на ИСИС би можело да дојде и тоа многу брзо доколку нема американско контратерористичко присуство.

Трамп ја призна можноста дека ИСИС и други терористички групации во Сирија можат да ги повратат своите упоришта доколку американската војска се повлече или се намали бројот на војници.

Но, исто така додаде дека во тој случај тој едноставно ќе ја испрати војската повторно на местата каде тоа се случило.

„Ќе се вратиме ако е потребо“, изјави тој за Си-би-ес.

„Имаме брзи авиони, но и многу добри карго авиони. Можеме многу брзо да се вратиме. Впрочем, имаме база во Ирак. Неодамна бев таму, и тоа е фантастична градба“, рече тој. Покрај тоа, тој исто така рече дека војниците најпрво ќе се повлечат до базата, а потоа кон САД.

Трамп во декември објави дека американските војници ќе се повлекуваат од Сирија преку видео објавено на Твитер. Тој рече дека ИСИС е поразен и дека е време американската војска да се врати дома.

Сепак, извештајот објавен од страна на Пентагон тврди нешто друго.

„И покрај загубата на поголемиот дел од територијата на Сирија, претставници од уредот за одбрана истакнаа дека ИСИС продолжува да привлекува странски борци во Сирија и во Ирак“, се вели во ивештајот.

Американската војска проценува дека се работи за 50 борци месечно.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе