Обновен извештај

Пентагон: Иранскиот балистички арсенал е најголем на Блискиот Исток

Иран, и покрај децениите меѓународни санкции, успеа да развие најпрецизни и најефикански ракети во последните години и неговата балистичка програма е најсилна на Блискиот Исток, пред Израел, истакнува Пентагон во извештајот објавен вчера.

„Иран има огромна програма за развој на ракети и големината и развиеноста на неговата балистичка програма продолжуваат да напредуваат и покрај децениите напори на Западот“, наведува воената разузнавачка агенција на Пентагон, Одбранбената разузнавачка агенција (ДИА) во извештајот со наслов „Воената сила на Иран“.

„Поради недостигот од модерни воздухопловни сили Иран ги разви своите балистички ракети вклучувајќи ги и тие со голем дострел за да ги одврати непријателите од напади“, изјави Кристијан Сондерс, експерт за Иран во воената агенција претставувајќи го извештајот.

Техеран има најголем број ракети на Блискиот Исток и голем број ракети со многу краток дострел, краток дострел и среден дострел кои можат да погодат цели во целиот регион до 2.000 километри раздалеченост, додаде тој.

За време на презентацијата висок воен разузнавач кој сакаше да остане анонимен кажа дека таа споредба го вклучува и Израел.

Во последните години Иран разви четириесеттина видови ракети од кои најсилните „гадр Ф“ и „сејдил 2“ се во состојба да го погодат Израел, најголемиот непријател на Иран, но и сите американски бази во регионот.

Во извештајот, меѓутоа, се додава дека меѓународните санкции воведени на земјата влијаеле на капацитетите за одбрана на Иран. Како што се наведува, иранскиот буџет за одбрана од 20,7 милијарди долари не претставува повеќе од 3,8 отсто од БДП во 2019 година, во однос на 6,1 отсто колку што бил во 2018, кога изнесува 27,3 милијарди долари.

Сондерс предупреди против укинувањето на ембаргото на оружје кое треба да стапи на сила во октомври 2020, според одредбите на иранската нуклеарна програма која Иран ја постигна со меѓународните сили во 2015 година и од кој САД еднострано се повлекоа.

Укинувањето на ембаргото би му дало на Техеран шанса да купува современо вооружување кое му беше недостапно со децении, кажа тој.

Неименуваниот функционер кажа дека Иранците се обидуваат да набават борбени авиони бидејќи воздухопловните сили им се застарени, како и тенковите. Тој кажа дека Иран за вооружувањето најверојатно ќе се сврти кон Русија или Кина.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе