Пентагон формираше канцеларија за проучување на НЛО

Пентагон соопшти дека формирал канцеларија за собирање и проучување на информациите за неидентификуваните летечки објекти (НЛО) кои ги гледаат различните родови на американската војска.

Скриншот Јутјуб

Оваа „група за координирана идентификација и управување со воздухопловните објекти“ или АОИМСГ ја заменува „работната група за неидентификувани појави во воздухот“ основана во август 2020 и тогаш беше ставена под закрила на американската воена морнарица, се наведува во соопштението на американското министерство за одбрана објавено синоќа.

Канцеларијата е во надлежност на потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање и безбедност, што сведочи за тоа дека американската војска за „неидентификуваните воздушни феномени“ не ги смета за одговорните „малите зелени“ туку реалните противници на Соединетите Американски Држави.

Вашингтон всушност е загрижен за кинеските можности за шпионирање со помош на дронови и други летечки уреди.

Идниот директор на АОИМСГ, кој сè уште не е именуван, ќе ја координира работата на различните родови на американската војска и разузнавачките служби на тоа поле.

Пентагон лани објави три видеоснимки направени од пилоти на американската морнарица – една во ноември 2004 и две во јануари 2015 – на кои се гледа нивна средба за време на лет со „непознати објекти во воздух“.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе