Нападот се случи пред крајот на американската евакуација од Кабул откако талибанците ја преземаа контролата врз авганистанската престолнина, неколку дена откако во самоубиствен напад кај аеродромот во Кабул беа убиени 170 цивили и 13 американски војници.
Загинаа еден хуманитарен работник и девет члена на неговото семејство, вклучувајќи седум деца, потсетува Би-би-си.
Мета на американскиот напад со дрон бил автомобилот на хуманитарниот работник за кој американската разузнавачка служба верувала дека бил поврзан со локалната гранка на Исламска држава, но подоцна генералот на Централната команда на САД Кенет Мекензи го окарактеризира нападот како „трагична грешка“.
Интерната ревизија заклучила дека нема потреба за дисциплинска постапка, бидејќи не бил прекршен ниеден закон и нема докази за злоупотреба или негрижа.
Американските медиуми пренесуваат дека извештајот вчера го одобрил министерот за одбрана Лојд Остин.