Пентагон: 34 американски војници претрпеле трауми во нападот на Иран врз базите во Ирак

Пентагон соопшти дека кај 34 војници била дијагностицирана претрпена траума за време на иранскиот напад врз американските бази во Ирак.

Во соопштението се додава дека половина од војниците се вратиле на своите задачи.

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман кажа дека седумнаесет од 34 војници сѐ уште се под медицински надзор.

Претседателот на САД Доналд Трамп првично изјави дека во нападот од 8 јануари не бил повреден ниеден американски војник.

Американската војска соопшти дека симптомите не биле пријавени веднаш по нападот, а во некои случаи се појавиле доста подоцна.

По првите извештаи дека некои војници биле повредени, Трамп го нарече тоа „главоболка“ и истакна дека повредите не се сериозни како кога некој ќе изгуби екстремитет.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе